20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа што се користеше интернетот во ЕУ во 2020-та? (ИНФОГРАФИК)

За што се користеше интернетот во ЕУ во 2020-та? (ИНФОГРАФИК)

Во 2020-та година, 87% од луѓето на возраст од 16 до 74 години во ЕУ пријавиле дека користеле интернет во претходните 3 месеци, објави Евростат во своето истражување. Тој удел се движел од 70% во Бугарија до 99% во Данска. Користењето интернет нагло растеше со текот на годините – во 2010-та година беше 67%, а во 2015-та година беше 78%.

Во 2020-та година, интернетот се користел главно за испраќање и примање е-пошта (74%), наоѓање информации за стоки и услуги (69%), размена на пораки (68%), онлајн вести (65%) и телефонски или видео повици (60%).

Повеќето луѓе исто така користеле интернет за банкарски услуги (57%), слушање музика (56%), учество во социјалните мрежи (56%) и пребарување на здравствени податоци (55%).

Со цел да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање кои се во сила од март 2020-та година во повеќето земји-членки на ЕУ, една опција за одржување контакт е преку телефонски или видео повици преку интернет.

Во ЕУ, 60% од луѓето на возраст од 16 до 74 години оствариле телефонски повици или видео разговори преку интернет во 2020-та година во последните 3 месеци пред истражувањето. Во сите активности на Интернет, телефонските или видео повиците забележале најголем пораст во споредба со 2019-та година (52%), како и од почетокот на нивното собирање податоци (17% во 2008-ма година).

Меѓу земјите-членки на ЕУ со достапни податоци, телефонските или видео повиците преку интернет биле најпопуларни во Кипар (85%) и Холандија (83%). Спротивно на тоа, овој удел бил најнизок во Чешка и Словенија, каде нешто повеќе од половина (52%) од луѓето на возраст од 16 до 74 години телефонирале или одржувале видео разговори преку интернет во 2020-та година во последните 3 месеци пред истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП