Авион со 40.000 дози на руската вакцина „Спутник В“ слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а беше пречекан од министерот за иновации Ненад Поповиќ, пренесува РТС. Тој изјави дека 20.000 дози на компонентата 1 и 20 000 дози на компонентата 2 пристигнале денеска.
„Само пред помалку од 15 часа, овие вакцини беа во фабриката „Генериум“, но со извонредната логистика и поддршка од целата српска влада, членовите што се тука во Белград и оние кои се уште се во Москва, веќе е во Белград. Тоа беше сериозен логистички зафат и мораше да се добијат сите дозволи“, рече Поповиќ.

