25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО предупредува вакцината на Модерна против Ковид-19 да не се дава на...

СЗО предупредува вакцината на Модерна против Ковид-19 да не се дава на бремени жени

Поради недостаток на клинички испитувања за безбедноста на вакцината за бремени жени, СЗО издаде препорака да не се користи вакцината на Модерна за оваа ризична група.

Вакцината на Модерна го привлече вниманието на Светската здравствена организација (СЗО), која одлучи да препорача бремените жени да не се вакцинираат со оваа вакцина против Ковид-19 поради недостаток на научни податоци за нејзината безбедност за таа ризична група.

Во соопштението на СЗО се вели дека вакцината против Ковид-19 на Модерна не се препорачува за бремени жени и лица со тешки алергиски реакции. СЗО се свесни за ризикот од инфекција на новиот коронавирус врз бремените жени, но тие сепак одлучија да не се вакцинираат бремени жени со оваа вакцина.

Единствен исклучок се здравствените работници или бремените жени со медицинска состојба кои ги става во ризична група на пациенти во Ковид-19 болниците, велат експертите на СЗО.

Иако СЗО издаде предупредување, Кети О’Брајан, директорката за имунизација во Стратешката советодавна група на експерти за имунизација (Strategic Advisory Group of Experts on Immunisation – SAGE), вели дека работното тело има доверба во вакцината на Модерна. SAGE е советодавно тело на СЗО за глобални политики и стратегии.

О’Брајан појаснува дека препораката е дадена поради фактот што сè уште недостасуваат податоци потребни за да се добие увид во безбедноста на бремените жени при земање на вакцината на Модерна. Со други зборови, О’Брајан вели дека се потребни клинички испитувања на таа вакцина кај бремените жени.

Модерна, во меѓувреме, ги доставува сите податоци како дел од апликацијата што треба да се стави на итната листа за употреба на СЗО. О’Брајан вели дека се прави сè што е можно со Модерна за да се забрза процесот.

Вакцината на Модерна е исто како и на Фајзер, од типот mRNA и се многу слични. Една од важните разлики помеѓу двете вакцини е дека на Фајзер се потребни екстремно ниски температури за складирање и транспорт, што претставува логистички потешкотии за некои земји.

Здравствените експерти препорачуваат вакцината на Модерна да се зема во две дози со интервал од 28 дена, но овој интервал помеѓу дозите може да се продолжи до 42 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП