29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота е најголемиот производител на автомобили во светот

Тојота е најголемиот производител на автомобили во светот

Тојота го надмина VW во продажбата на возила во 2020 година и по пет години повторно ја презеде круната како водечки светски производител со најмногу продадени автомобили, откако падот на побарувачката поради корона пандемијата го погоди посилно германскиот ривал.

Тојота соопшти дека нејзината глобална продажба во 2020 година на ниво на цела групација паднала за 11,3 проценти на 9,52 милиони возила, додека групацијата Фолксваген забележа пад од 15,2 проценти и испорача 9,30 милиони автомобили, објави Ројтерс.

Производителите на автомобили ширум светот се сериозно погодени од ограничувањата поради короната воведени низ целиот свет, кои ги принудија автомобилските компании да го намалат или прекинат производството на одредени погони за некое време.

Сепак, Тојота делумно подобро ја преживеа пандемијата затоа што Јапонија или нејзиниот домашен пазар, како и азискиот регион беа генерално помалку погодени од Европа и Соединетите држави.

Бидејќи побарувачката за автомобили закрепнува, особено во Кина, Тојота, Фолксваген и други производители се натпреваруваат да земат што поголем удел на пазарот во растечкиот сегмент на електрифицирани возила (хибридни и целосно електрични автомобили).

Тојота соопшти дека уделот на електрифицирани возила (хибриди) што ги продаде минатата година се искачи на 23 проценти од вкупната продажба, од 20 проценти во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП