10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИErste Group оствари 125 милиони евра нето добивка

Erste Group оствари 125 милиони евра нето добивка

erste1

Австралиската „Erste Group“ во вториот квартал од оваа година оствари 125 милиони евра нето добивка, што е за 17 проценти повеќе од истиот период од минатата година, се вели во соопштението од банката.

Вo исто време, нејзината добивка пред оданочувањето изнесувала 68 милиони евра, а во споредба со истиот период од минатата година таа изнесуваше 241 милион евра.

Нето приходите од каматите, најголемиот извор на приходи за банката, се намалени за 9,4 проценти, на 1,19 милијарди евра.

„Тоа е задоволителен резултат ако го погледнеме предизвикувачкото опкружување на банките, кои го прават тоа што политичарите и регулаторите го бараат од нив“, изјави извршниот директор на „Erste Group“ Андреас Треичл.

„Erste Group“ бележи пад на приходите поради тоа што земјите од Централна и Источна Европа во кои работи и понатака се во рецесија или бележат слаб економски раст.

Банката неодамна ја намали својата проценка за приходите во оваа година. Сега таа очекува 5 проценти помала оперативна добивка во 2013 година, бидејќи падот на приходите и понатака го надминува намалувањето на трошоците и одредбите за лоши кредити.

Во своите најнови проценки, „Erste Group“ очекува мало подобрување на економските перформанси во Централна и Источна Европа во втората половина од годината, но стапката на раст во овие региони и понатака ќе остане умерена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП