20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ го претстави „SQ5 Sportback TDI“ зa 2021-ва (ФОТО)

„Audi“ го претстави „SQ5 Sportback TDI“ зa 2021-ва (ФОТО)

Германскиот производител претстави нова дизел верзија на моделот „SQ5 Sportback“. Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски V6 TDI поврзан со 48-волтен „благ“ хибриден систем.

Моторот е малку послаб од минатогодишниот модел, па наместо 347 KS (255 kW), сега произведува 341 KS (251 kW), додека максималниот вртежен момент остана непроменет и изнесува 700 Nm, достапен во опсег од 1.750-3.250 o/min.

Од „Audi“ велат дека автомобилот забрзува до „стотка“ за 5,1 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

„SQ5 Sportback“ зa 2021-ва стандардно е поставен на 20-инчни алуминиумски бандажи со димензија на пневматиците од 255/45. Како изборна опција достапни се и тркала со пречник од 21 инч.

Купувачите исто така може да доплатат за помоќни сопирачки и „S“ спортскиот систем на суспензија.

Во понудата се два пакети на опрема – „Advanced“ и „S line“, со бројни изборни додатоци, вклучувајќи пакет со украсни црни детали, а автомобилот може да се нарача во една од 12-те достапни бои на каросеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП