29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИлон Маск има прашање со кое ги разоткрива лажговците на интервју за...

Илон Маск има прашање со кое ги разоткрива лажговците на интервју за работа

Илон Маск во една прилика откри како разоткрива дали некој го лаже на интервју за работа.

„Раскажете ми за некои од најтешките проблеми на кои сте работеле и како сте ги решиле“, е задача што Маск ја поставува за кандидатите во интервјуата за работа, и има добро објаснување.

“Луѓето кои навистина го решиле тој проблем точно знаат како го решиле. Тие можат да ги опишат и најмалите детали”, рече Маск на World Government Summitu 2017 година.

Методата на Маск се потпира на идејата дека некој кој изнесува лажно тврдење нема способност убедливо да го поткрепи. Затоа тој сака да ги слушне како зборуваат чекор по чекор за тоа како работеле на решавање на проблемот.

Истражувањата го потврдија методот на Маск

Една студија објавена во „Journal of Applied Research in Memory and Cognition“ во декември минатата година откри неколку пристапи за откривање лажговци, и тоа заправо техниката за интервју за работа, која ја поддржува ефективноста на она што Маск го прави со години, пишува CNBC.

Една таква техника, наречена асиметрично управување со информации, е дизајнирана да му обезбеди на испитаникот средства за докажување на неговата или нејзината невиност или вина пред истражителот користејќи детални информации.

„Малите детали се крвотокот на форензичките истраги и можат да им обезбедат на истражителите клучни информации за верификација, како и сведоци кои можат да ги испитаат“, велат авторите на студијата. Тие исто така нагласија дека испитувачите треба да им дадат јасни упатства на испитаниците дека „ако дадат подетални изјави за настанот за кој ги прашуваат, тогаш истражителите ќе можат полесно да откријат дали ја кажуваат вистината или лажат“.

Студијата открива дека лицата кои ја говорат вистината „обично сакаат да ја покажат својата невиност со давање на подетални информации како одговор“.

„За разлика од нив, лажговците сакаат да ја прикријат својата вина. Тоа значи дека тие имаат поголема веројатност стратешки да ги скратат информациите како одговор на овој метод. Тие претпоставуваат дека обезбедувањето повеќе информации ќе им олесни на испитувачите да ги детектираат нивните лаги, па затоа наместо тоа обезбедуваат помалку информации“, заклучуваат авторите на студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП