4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото на чекор да го забележи најлошиот старт на годината од 2011-та

Златото на чекор да го забележи најлошиот старт на годината од 2011-та

Цената на златото падна откако Федералните резерви на САД (ФЕД) во средата ја оставија непроменета основната каматна стапка и ја задржаа сегашната стапка на откуп на обврзници. Така, благородниот метал може да го забележи најлошиот почеток на годината.

ФЕД потврди дека ќе ја задржи стапката на набавки на обврзници на 120 милијарди долари месечно се додека не направи „значителен понатамошен напредок“ во исполнувањето на целите на инфлацијата и вработувањето. Говорејќи по првиот состанок на Федералната комисија за отворен пазар за 2021-ва година, гувернерот Џером Пауел рече дека ќе биде потребно „извесно време“ за да се достигне прагот за намалување на набавките.

За јануари, благородниот метал падна за 3% – најлошото остварување во јануари од 2011-та година. Трговците се движат во насока на пораст на доларот, се надеваат на повеќе парични стимуланси и траекторијата на пандемијата. Според Пауел, дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19 е причина за оптимизам, а некои случувања упатуваат на „подобрување на прогнозата“ подоцна во текот на годината.

Наспроти ова, Светскиот совет за злато прави оптимистичка прогноза за побарувачката во текот на годината. Според организацијата, таа ќе закрепне оваа година, откако падна на најниско ниво по повеќе од една деценија во 2020-та година.

Поради рекордните цени и пандемијата, побарувачката за златен накит достигна апсолутно ниско ниво во 2020-та година, стои во извештајот на Советот. Главните фактори зад падот беа пазарите во Индија и Кина, кои доживеаа историски мала продажба.

„Но, економското закрепнување на Кина поддржува и заживување на побарувачката“, рече Луис Стрит, висок аналитичар на пазарот во Светскиот совет за злато.

Предвидувањата за оваа година делумно зависат и од побарувачката на инвестиции, која минатата година достигна рекордно високо ниво. Ова му помогна на благородниот метал да поскапе најмногу за една деценија во 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП