25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе ви е пријатно да се тестирате од Ковид-19 преку вашиот нос?...

Не ви е пријатно да се тестирате од Ковид-19 преку вашиот нос? Бидете среќни што не се користи „понижувачкиот“ кинески метод

Според некои експерти, користењето на овој метод може да даде поточни резултати од тестирањето, но некои научници сè уште не се согласуваат.

Повеќето од оние кои биле тестирани на коронавирус би можеле да го опишат своето искуство со пикање стапчиња низ ноздрите – непријатно. Не е страшно или болно, но дефинитивно е прилично непријатно. Освен преку нос, брис може да се земе и со ставање стапче во грлото, но овој метод на земање брис не се практикува често.

Ако мислите дека земањето брис со ставање стапче во грлото или носот е непријатно, размислете двапати, затоа што постои друга алтернатива и сигурни сме дека навистина нема да ви се допадне. Станува збор за земање анални брисеви кои се користат во Кина веќе некое време, а сега тие почнаа масовно да се користат и во Пекинг, за откривање и спречување на нови жаришта и за повторно одржување на короната под контрола.

Овој начин на земање брисеви, освен што не е пријатен, се чини дека е и малку контроверзен. Имено, додека некои експерти веруваат дека шансите за откривање на вирусот САРС-КоВ-2 во телото се поголеми ако се тестираат со земање анални брисеви, други како Јанг Занкиу од Одделот за биологија во болницата Вухан не го делат ова мислење и веруваат дека брисевите направени преку ноздрите и грлото се попрецизни и даваат поточни резултати.

Ниту професијата, изгледа, е нејасна за тоа што е вистина, а што не, или кои резултати се поточни, но сè додека не се согласат, тестирањето за новиот коронавирус во Кина сепак ќе се извршува со земање анални брисеви. За тестирање се користи памук, кој се турка во ректумот 2 или 3 сантиметри и се ротира неколку пати. Процесот трае околу десет секунди, а оние што поминале низ него го опишуваат како – сериозно понижување.

Се надеваме дека никој кај нас нема да помисли да се обиде да го примени кинескиот модел на анално тестирање, бидејки туркањето на стапчето за земање примероци низ ноздрите веќе не изгледа така страшно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП