6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКОРОНАВИРУС: Бројот на заразени надмина 100 милиони

КОРОНАВИРУС: Бројот на заразени надмина 100 милиони

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 100 милиони, што укажува на тоа дека, иако започна вакцинацијата, пандемијата на новиот вирус не е ниту близу до крајот.

Светот го забележа 100 милионитиот случај на инфекција со вирусот КОВИД-19, а 2,14 милиони починаа од ефектите на вирусот досега, покажуваат податоците на страницата worldometer, што значи дека вкупната стапка на смртност во однос на бројот на заразени е нешто повеќе од 2 проценти.

Во моментов има 25,9 милиони активни случаи со инфекција од коронавирус, од кои 110.761 се во тешка или критична состојба. Досега, 72 милиони луѓе официјално се опоравија од вирусот.

Дури 18 земји имаат повеќе од милион заразени, а 28 земји имаат стапка на смртност од над 1.000 смртни случаи на милион жители.

Според речиси сите статистички податоци, најтешка е состојбата во Соединетите Американски Држави, каде се регистрирани 25,7 милиони случаи на инфекција, а починаа скоро 430 илјади пациенти.

На глобално ниво, а особено во Европа, моментално постои страв од нов вид на коронавирус, за кој се стравува дека е, покрај поголема вирулентност, и посмртоносен. Исто така, иако имунизацијата е во повој, голем проблем е доцнењето во набавката на вакцините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП