28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Грција бележи исклучителен напредок

ММФ: Грција бележи исклучителен напредок

grcija3

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека Грција направила „исклучителен“ напредок во стабилизацијата на својата економија.

Грција, според оценката на ММФ, останала на курсот за излез од рецесијата во наредната година, и покрај тоа што не ги исполни роковите за приватизација и намалувањето на бројот на државните службеници.

Во извештајот кој е објавен денес, ММФ исто така, предупреди дека е неопходно Грција да ги спроведе големите структурни реформи, за нејзината економија да може да доживее долгорочен раст.

Грчката коалициска влада се бори со пропишаниот рок да отпушти голем број на јавни службеници, а подоцна треба да ги објави и деталите за планот за испраќање на принуден одмор на 25.000 вработени до крајот на годината, со намалени плати. Се предвидува дека тие работници подоцна ќе бидат преместени на друго работно место или ќе бидат отпуштени.

Грција до 2010 година преживуваше од помошта на ММФ и од помошта на партнерските земји од еврозоната, таа веќе шеста година се наоѓа во рецесија. За да продолжи да добива меѓународна помош, од Атина се очекува да ги спроведе непопуларните реформи, кои подразбираат зголемување на даноците и намалување на бројот на државни работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП