24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА70 евра за негативен ПЦР: Болница во Чиле продавала лажни тестови

70 евра за негативен ПЦР: Болница во Чиле продавала лажни тестови

Работници во здравствен центар во Чиле се соочуваат со кривична пријава, откако беше откриено дека продаваат негативни PCR тестови, без претходно земен брис.

Лабораторијата наплаќала околу 70 евра за спорните тестови, а купувачите биле претежно туристи кои патувале во земји за кои им бил потребен негативен тест PCR. Лабораторијата ги нудела тестовите во рок од еден час, пишува шпанска Ла Вангардија.

Здравствениот дом е специјализиран за услуги за стари лица, а градоначалникот на местото каде што се наоѓа центарот присуствуваше на затворањето на објектот. Тој го опиша чинот на продажба на негативни тестови како „сериозно кривично дело против јавното здравство“.

Од друга страна, министерот за здравство на Чиле, Енрике Париз, ги нарече постапките во лабораторијата „крајно сериозни“.

„Не знам која е целта, да заработиш пари, тоа е сигурно, но ширењето на вирусот на овој начин е за многу сериозна санкција“, рече чилеанскиот министер за здравство.

Веста ги затекна жителите на таа земја среде вториот бран на пандемијата. Чиле има 19 милиони жители и скоро 700.000 заразени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП