25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКовид-19 предизвика губење на 255 милиони работни места ширум светот (ИНФОГРАФИК)

Ковид-19 предизвика губење на 255 милиони работни места ширум светот (ИНФОГРАФИК)

Глобалната економија нема да може целосно да ја поправи штетата на вработувањето од минатата година во 2021-ва година, откако пандемијата со Ковид-19 успеа да збрише 255 милиони работни места, според податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ), цитирани од „Bloomberg“.

Дури и со најоптимистичките претпоставки, работното време ќе биде помало од нивото пред кризата, рече организацијата во својот извештај. Според своето основно сценарио, глобалната економија ќе ја заврши оваа година со 90 милиони помалку работни места со полно работно време отколку пред пандемијата.

„Знаците на закрепнување што ги гледаме се охрабрувачки, но тие се кревки и многу несигурни. Ние мора да запомниме дека ниту една земја или група не може сама да закрепне“, рече Гај Рајдер, генералниот директор на организацијата.

Штетата предизвикана од пандемијата во 2020-та година е историски невидена и околу четири пати поголема отколку за време на финансиската криза во 2009-та година, забележува МОТ.

Но, загубите во третиот квартал не се толку драматични како што се сметаше претходно, по остриот економски скок. Падот на работните часови во четвртиот квартал е 4,6%, што е еквивалентно на 130 милиони работни места со полно работно време, што е помалку од претходно предвиденото.

Во песимистичко сценарио во кое напредокот на вакцинацијата е бавен, а ефектите од пандемијата се долготрајни, загубите на пазарот на труд ќе останат на ова ниво во 2021-ва година.

Прогнозите покажуваат контраст помеѓу најсериозно погодените сектори, вклучително хотелите, рестораните, уметноста и трговијата на мало, кои претрпеа „огромна“ штета на високо квалификуваните сектори на услуги, кои дури забележаа раст на работните места. Најмногу се погодени жените, младите луѓе, самовработените и ниско квалификуваните работници, соопшти МОТ.

Постојат „сериозни загрижености“ дека ова може да доведе до нерамномерно закрепнување, при што „вработените и компаниите кои се сериозно погодени од кризата имаат помалку корист од подобреното економско опкружување“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП