4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната: Расте довербата на потрошувачите

Еврозоната: Расте довербата на потрошувачите

evrozona1

Деловната и потрошувачката доверба во еврозоната повторно се зголеми во јули, соопшти Европската комисија.

Индексот на економската доверба, кој го пресметува Европската комисија, во јули во еврозоната се зголеми за 1,2 поени на 92,5 поени, а во целата Европска унија за 2,4 поени на 95 поени, пренесува Франс Прес.

Со тоа е продолжен трендот на растот на довербата кој започна во мај, и станува збор за најдобрите резултати во текот на последната година.

За раст на индексот во еврозоната придонесе зголемената доверба меѓу потрошувачите и менаџерите во индустријата, услужниот сектор и малопродажбата.

Последните податоци овозможуваат нова надеж за закрепнувањето на болната економија во еврозоната, а индексот на деловната доверба, кој неодамна го објави лондонската компанија Маркит, во јули повторно беше позитивен, за прв пат во последната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП