4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден Словенец работи 6,8 часа дневно

Еден Словенец работи 6,8 часа дневно

slovenija1

Просечниот Словенец минатата година на работа поминал 1,640 часа, односно 6,8 часа дневно, покажуваат најновите податоци на ОЕЦД.

Според податоците на оваа организација, Словенците пред 12 години работеле просечно 1,710 часа годишно, односно повеќе од седум часа дневно, пренесува агенцијата Франс прес.

Според податоците на Словенечкиот државен статистички завод (СУРС), еден просечен Словенец работи помалку, односно нешто повеќе од 1,500 часа годишно, односно 6,2 часа дневно.

Во извештајот на СУРС, исто така, се наведува дека бројот на одредени работни часови минатата година, во однос на 2011 година, е намален за 4,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП