20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови правила за влез во Германија

Нови правила за влез во Германија

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез во Германија. Контролата се спроведува на германските граници и аеродроми.

За да ја заштити Германија од увоз на нови случаи со корона, сојузната влада класифицираше значително повеќе земји во области со висок ризик отколку порано, пренесува ДВ. Новина е списокот на земји во кои т.н. седумдневна инциденцијаа е повеќе од 200 новозаразени на 100.000 жители неделно (Германија во моментов: 111).

Сите патници кои доаѓаат или се враќаат во Германија, потребно е да се регистрираат преку интернет на Einreiseanmeldung.de – пред да влезат во земјата.

Патниците од ризични области, земји или региони со инциденција над 50 мора да се тестираат на короната не подоцна од 48 часа – по влегувањето во Германија.

Според германското Министерство за внатрешни работи, тестовите систематски се проверуваат на аеродромите и пристаништата. Особено, летовите од таканаречените области со висок ризик се „доследно проверувани“ – проверени директно во авионот и пред пасошка контрола. Покрај тестовите, се контролира и дали патниците ги пополниле формуларите за апликација.

Во пограничните области со другите земји на ЕУ и Швајцарија, патниците се проверуваат по случаен избор. Според федералната полиција, дополнителните мерки служат за идентификување на патници кои мора веднаш да бидат испратени во карантин.

Во принцип, сите патници кои влегуваат или се враќаат во Германија и кои биле во областа на ризик (категории од 1 до 3) во последните десет дена пред влезот, треба да поминат десетдневен карантин. Карантинот може да се скрати само по пет дена, ако се направи друг тест и е негативен.

Правилата за карантин се одговорност на сојузните покраини и затоа може да се разликуваат. Деловните патувања генерално се ослободени од карантин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП