Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден планира повторно да воведе ограничувања за патување за повеќето жители што не се од САД и кои неодамна биле на територијата на Европската Унија, Велика Британија, Ирска и Бразил, потврди Белата куќа.
Пред да замине од претседателската функција, Доналд Трамп ги укина ограничувањата за патување. Но, новото раководство на САД, покрај претходните ограничувања, ќе наметне дополнителни ограничувања на луѓето кои престојувале во Јужна Африка, каде што се појави нов вид на коронавирус и предизвика загриженост кај научниците.

