19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со...

Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, кој му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да оздраве од Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат распоредени во универзитетските болници следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ќе ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.

Шпан не откри кој е производителот што ќе ги доставува лековите, но потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп.

„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Овие антитела може да им помогнат на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија на болеста“, рече Шпан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП