4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC во третиот квартал ќе биде во минус

HTC во третиот квартал ќе биде во минус

htc2

Водечкиот тајвански производител на паметни телефони „HTC“ истакна дека во третиот квартал ќе бидат во минус, откако нето-профитот во вториот квартал забележа пад од 83 проценти поради растот на трошоците и резервите.

Нето-профитот на компанијата во вториот квартал изнесувал 1.25 милијарди тајвански долари (41.6 милиони долари) во однос на 7.4 милијарди тајвански долари во истиот период од минатата година.

Компанијата за следниот период предвидува уште полоши резултати со пад на приходот од 50 до 60 милијарди тајвански долари и нулта профит или дури и пад на профитот за осум проценти.

Во обид да ги спречат загубите компанијата ќе се фокусира на паметни телефони од средна категорија, бидејќи аналитичарите предупредуваат на пад во барањата на уредите од високата категорија.

„Имаме во план во наредните месеци да лансираме низа иновативни и конкуренти производи од средна категорија. Се надеваме дека во четвртиот квартал ќе го зголемиме уделот на тој пазар“, истакнуваат од „HTC“.

Според податоците на истражувачката компанија „IDC“, тајванскиот гигант минатата година имал 4.6 проценти од уделот на глобално ниво на пазарот на паметни телефони, што е многу помалку во однос на 8.8 проценти колку што имаа во 2011-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП