18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа градилиштето зад „Рамстор мол“ биле затекнати 97 непријавени странски државјани

На градилиштето зад „Рамстор мол“ биле затекнати 97 непријавени странски државјани

„Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на странска фирма помеѓу булеварот ’Кирил и Методиј’ и улицата ’Јордан Мијаклов’ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Нагласуваат дека ова се првичните информации, а на случајот сѐ уште се работи. Од МВР не прецизираат во која градежна компанија работеле градежниците и велат дека сѐ уште се работи на утврдување на деталите.

Најголемото градилиште во овој дел на Скопје е на турската компанија „Лимак“ која се претставува како една од најголемите градежни компании во светот, а кај Стара желеничка треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено – деловен комплекс со четири дваесеткатници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП