TOPSHOT - Former presidential candidate, Senator Bernie Sanders (D-Vermont) sits in the bleachers on Capitol Hill before Joe Biden is sworn in as the 46th US President on January 20, 2021, at the US Capitol in Washington, DC. (Photo by Brendan SMIALOWSKI / AFP)
Во случај да се прашувате – да, американскиот сенатор Берни Сандерс ги виде сите мемиња инспирирани од позата во која седеше на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Гостувајќи на шоуто Late Night, интернет мемињата инспирирани од Сандерс, кој седеше со скрстени раце во дебела јакна и кафеави волнени ракавици на инаугурацијата на Бајден, беа првото нешто за што водителот Сет Мајерс го праша сенаторот.
„Само седев и се обидував да се загреам“, одговори Сандерс.
Американскиот сенатор се смееше кога Мајерс му покажа неколку мемиња, вклучувајќи го и она во кое седи покрај екипата од серијата „Сексот и градот“.
Тој исто така откри дека волнените ракавици, кои исто така станаа хит, му ги дала учителката Џен Елис од Вермонт, која подоцна открила дека ги продала сите ракавици и е претрупана со нарачки.
Џо Бајден положи заклетва како претседател на САД во средата, но неговата слава целосно ја зазеде Берни Сандерс тој ден, седејќи намуртен со прекрстени нозе во стол на расклопување, облечен во дебела јакна и волнени ракавици. Сандерс набрзо стана хит на Интернет и беа направени илјадници мемиња со неговиот лик, па се појави во „Господарот на прстените“, „Игра на тронови“, „Војна на Sвездите“, Хари Потер, Мандалоријан, „Последната вечера“ на Да Винчи, видео за песната Losing My Religion, НБА натпревар, ММА прстен, со Путин на риболов, а дополнително и балканска верзија со Тито на патување и во тролејбус со починатиот патријарх Павле.
In all the inauguration fashion news, let us not overlook Senator Bernie Sanders’ mittens pic.twitter.com/BlZivZ8cMP