20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот јавен долг постави нов рекорд

Британскиот јавен долг постави нов рекорд

Британската малопродажба малку се опорави во декември, бидејќи трговците ги отворија продавниците по четиринеделното затворање воведено во ноември за да се спречи ширењето на коронавирусот, додека јавниот долг достигна ново рекордно ниво во тековната финансиска година.

Продажбата на мало се зголемила за 0,3 проценти во декември, што е далеку под очекувањата на економистите кои предвидуваа пораст од 1,2 проценти во анкетата на „Reuters“, според официјалната статистика.

Во текот на целата 2020-та година, продажбата на мало во Британија паднала за 1,9 проценти, што е највисока стапка забележана во една календарска година, а продажбата на облека опадна за повеќе од 25 проценти.

Продажбата на мало се претстави подобро од другите области во потрошувачката сфера, бидејќи потрошувачите се свртеа кон шопинг во онлајн продавниците, каде што прометот скокнал за 46,1 проценти во минатата година.

Фунтата по објавувањето на статистичките податоци за малопродажбата ослабе во однос на доларот и еврото. Во исто време, задолжувањето на британскиот јавен сектор изнесуваше 34,1 милијарди фунти (46,65 милијарди долари) во декември, а од април, кога започна тековната финансиска година, достигна рекордни 270,8 милијарди фунти (369,88 милијарди долари).

Јавното задолжување продолжува да расте како резултат на дополнителните трошоци поврзани со финансиска помош на милиони домаќинства, насочени кон поддршка на потрошувачката и намалување на невработеноста.

Владините економски прогнози предвидоа во ноември дека задолжувањето во финансиската година 2020/21 ќе достигне 394 милијарди фунти, што е еквивалентно на 19 проценти од БДП-то, што е најмногу од Втората светска војна.

Најновите податоци покажуваат дека вкупниот долг на британскиот јавен сектор достигна 2,13 трилиони фунти, или 99,4 проценти од БДП-то. Тоа е највисокото ниво од финансиската 1962-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП