25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВистини и заблуди за газираната вода: Дали таа е навистина толку лоша...

Вистини и заблуди за газираната вода: Дали таа е навистина толку лоша за здравјето?

Истражувањата се објавени – а вистината ќе ве освежи…

МИТ: Меурчињата не не хидрираат

Нејзините меурчиња потекнуваат од јаглерод-диоксид и според зборовите на д-р. Сузан Џаргин од Универзитетот во Јужна Каролина, меурчињата од минералната вода не ја спречуваат хидратација на телото. Дури, едно истражување од истиот универзитет покажало дека после интензивен тренинг, газираната вода ја надополнува изгубената течност на ист начин како и негазираната вода.

МИТ: Лоша е за забите и коските

Јаглеродната киселина, која настанува со растворање на јаглерод-диоксид, може да ја оштети забната глеѓ доколку се внесува во огромни количини. Значи, се додека не испиете цел пакет кисела вода дневно, безбедни сте. Истото важи и за коските.

МИТ: Дебелее

Вистина е дека сите тие меурчиња предизвикаат надуеност, но тоа е привремено и на долгорочно ниво дури и позитивно. Научниците утврдиле дека газираната вода може повеќе да ве засити од обичната вода, особено на празен стомак. Колку повеќе се чувствувате сити, помалку ќе грицкате. Но, избегнувате газирана вода со вкусови и вештачки засладувачи.

МИТ: Предизвикува киселина

Научниците го разоткрија митот дека сета таа шумлива вода предизвикува киселина. Ако сте склони на киселини треба да ја избегнувате храната која ја предизвикува киселината, а не минералната вода. Но, ако веќе страдате од киселина во желудникот, имате чир или слично, меурчињата можат да ја влошат состојбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП