26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi E-tron GT“ пристигнува на 9-ти февруари

„Audi E-tron GT“ пристигнува на 9-ти февруари

Германскиот производител „Audi“ на 9-ти февруари и официјално ќе го претстави серискиот „e-tron GT“ кој инаку во форма на концепт беше промовиран во 2018-та година за саемот во Лос Анџелес.

Во план е овој модел на „Audi“ да биде директна конкуренција на „Model S“ на „Teslа“, a ќе се произведува во фабриката од која излегува „Audi R8“.

Според некои информации, основната верзија ќе има погон на задните тркала, а автономијата со батерија од 79.2 kWh ќе изнесува околу 400 km, во план е тој да биде долг 496cm, широк 196cm, висок 138cm и да има растојание меѓу двете оски од 290 cm.

„Audi“ исто така потврди дека во истовреме со основната верзија ќе биде лансирана и топ верзијата наречена „RS e-tron GT“.

„RS e-tron GT“ ќе биде првиот целосно електричен автомобил кој ќе го развие „Audi Sport“, при што ќе го одликува „aero body“ пакетот, како и покривот од карбонски влакна, нови тркала (дo 21 инч), прилагодлива суспензија и карбон-керамички сопирачки.

„Audi RS e-tron GT“ ќе има погон на сите четири тркала, два електромотори и литиум-јонски батерии од 93.4 kWh (бурто), додека моќта ќе изнесува 600KS. Се најавува забрзување до 96 km/h за само 2,7 секунди, додека максималната брзина ќе биде ограничена на 250 km/h.

Кога станува збор за автономијата на овој 2.350 kg тежок автомобил, ќе поминува до 400 km, како и податокот дека за полнење до 80% на капацитетот на батеријата со брз полнач ќе бидат потребни околу 20 минути.

На крајот, „RS e-tron GT“ би требало да се продава по цена од околу 138.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП