19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо три дена пад, доларот конечно бележи раст

По три дена пад, доларот конечно бележи раст

Доларот зајакна малку денес по три последователни падови, додека поризичните валути се во надолна траекторија бидејќи мрачните економски показатели и ширењето на новиот вид на Ковид-19 во некои земји го запреа порастот на берзите, кои забележаа нови рекордни нивоа во оваа недела.

Доларот ослабна во однос на корпата конкурентски валути во текот на изминатите три дена, бидејќи плановите на американскиот претседател Џо Бајден за фискален стимул донесе оптимизам на пазарите на капитал и ги охрабри трговците да купуваат поризични средства.

Тој тренд, сепак, е прекинат денес. Расположението на пазарот падна, повлекувајќи ги глобалните берзи од рекордните нивоа, а доларот се стабилизира, со индексот на доларот во однос на кошницата со валути што напредува за помалку од 0,1 процент, на 90.147 поени, тргувајќи околу пладне според Гринич.

Сепак, индексот на доларот е сè уште на добар пат да ја забележи најголемата неделна загуба од средината на декември.

Влошувањето на расположението на пазарот делумно се должеше на денешните податоци за слабото декемвриско закрепнување на малопродажбата во Велика Британија, потоа на извештајот на „IHS Markit“ за падот на деловната активност во еврозоната во јануари, како и на синоќешните показатели за забавување на производството во јапонските фабрики и песимистичките изгледи.

Еврото се тргуваше со доларот рано попладнето на непроменето ниво од 1,2172 долари.

Единствената валута благо порасна во четвртокот, откако Европската централна банка ја објави монетарната политика и проценката дека можеби нема да мора да ги користи сите средства од пандемиската програма за итни набавки на обврзници.

Норвешката круна падна за повеќе од 1 процент во однос на еврото, на 10,3275 круни за евро, поради падот на цените на стоковите берзи, пред се на падот на нафтата, што е едно од извозните средства на нордиската земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП