петок, март 5, 2021
10 °c
Skopje
5 ° пет
2 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 14,368.48 -0.62%    GRNT 1,229.57 -0.5%    KMB 7,628.92 -2.3%    MPT 72,000.00 0.7%    RMDEN16 99.50 0%    RMDEN17 99.50 0%    RMDEN19 99.60 0%    TEL 324.98 -0.92%    ZPKO 4,204.12 -1.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право

јануари 22, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економија и право
60
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Над 70% од економистите и над 50% од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на Brainster

На крајот на минатата година Brainster лансираше алатка за кариерно советување, која е бесплатна за користење за сите. Целта на алатката е да им помогне на корисниците да ја започнат потрагата по „вистинската кариера“, како и да ја истакне потребата од потемелно кариерно советување.

Оваа алатка на Brainster во изминатите месец дена ја искористија над 7000 лица.  Во склоп на прашањата на кои корисниците одговараат при користењето на алатката има и прашања поврзани со нивните тековни и посакувани кариери.

Според резултатите од одговорите на овие прашања, областа ИТ, програмирање и технологија е најпосакувана професија за најголем дел од учесниците – дури 17,3% од учесниците ја издвоиле оваа професија како најпосакувана. Втора најпосакувана област е Дизајн и графички дизајн со 13,9%. Понатаму следуваат бизнис (9,7%), здравство и фармација (7%), социологија и психологија (6,2%), ликовна уметност (5,7%) и менаџмент (5,3%) како посакувани професии од страна на учесниците во квизот.

Овие податоци потврдуваат дека дигиталните вештини нудат одлични услови за работа на пазарот, но и интересот за нив е голем особено кај младите. Имено, ИТ, програмирање и технологија, иако доминира во сите категории под 40 години, е најпосакувана професија за најмладата возрасна група до 17 години до 20 години со над 20%. Графички дизајн/дизајн е исто така преферирана професија кај сите возрасни групи, иако најмногу се истакнува кај возрасната група од 21 до 29 години.

По однос на распределбата на интересите за одредена професија според полот на учесниците, забележително е дека се уште постои таканречениот „родов јаз“ кај областите како ИТ, технологија и програмирање, како и областа Бизнис, бидејќи процентот на машки испитаници кои ги избрале овие професии како посакувани е многу поголем од процентот на женски испитаници (28% наспроти 12% во првиот случај и 15% наспроти 7% во вториот). Спротивното е случај кај областите Дизајн, Маркетинг и Здравство и фармација каде испитаниците кои ги навеле овие професии како посакувани се во видливо поголем број од женски пол.

Мошне интересни се резултатите добиени со вкрстување на моменталната и идната професија на учесниците кои одговориле дека се моментално вработени. Тоа покажува дека најголем процент од учесниците кои работат во Дизајн и графички дизајн (72%) како и ИТ, програмирање и технологија (68%) се изјасниле дека токму тоа е кариерата од нивните соништа и дека не би ја смениле професијата.

Вработените пак кои во најголем процент би ја смениле својата професија и би избрале друга доаѓаат од областите Производство и угостителство (само 14% не би ја смениле професијата), Економија (22%), Образование (36%), Право (44%).

Интересно е исто дека високи 22% од учесниците архитекти би сакале да работат како графички дизајнери, а дури 16% од учесниците инженери би сакале да работат во областа  ИТ, програмирање или технологија.

Податоците од оваа анализа укажуваат дека расте интересот меѓу младите за дигиталните вештини. Oние кои работат во некојa од овие области сметаат дека тоа е нивната посакаувана кариера и не би ја промениле. За разлика од нив голем процент на учесниците во квизот кои работат во други области се изјасниле дека имаат друга преферирана кариера. Може да се заклучи дека пазарот на труд значително е променет и интересот за дигитални и ИТ вештини забрзано расте. Со ова, јасно е дека забрзано расте и интересот за едукација кај младите токму во овие области кои ги сметаат за нивни посакувани идни кариери.

Brainster продолжува да работи на обебзедување алатки и информации со чија помош младите луѓе ќе можат да направат многу подобар кариерен избор. Бесплатната алатка за кариерно насочување останува достапна за сите млади луѓе кои се подготвуваат да започнат нова кариера или да ја променат тековната на следниов линк – https://careers.brainster.co/. Мошне скоро, следува уште една алатка која ќе нуди увид во порастот и падот на побарувачката за одредени професии во наредната декада, нешто што на младите луѓе ќе им помогне да проверат дали посакуваната кариера ќе остане перспективна на подолг рок.

СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

„Morgan Stanley“ ги зголеми своите профити благодарение на нестабилноста на пазарот

Следна Објава

Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово
КОМПАНИИ

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

март 5, 2021
20

Во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како...

Прочитај повеќе
„Foxconn“ навести силен почеток на годината
КОМПАНИИ

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

март 5, 2021
11

Соработникот на „Apple“, „Foxconn“, објави дека очекува приходите во првиот квартал да пораснат за над 15 проценти во однос на...

Прочитај повеќе
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг
ЕКОНОМИЈА

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

март 5, 2021
46

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Прочитај повеќе
АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

март 5, 2021
10

Граѓани, компании и институции лани купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди...

Прочитај повеќе
Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија
КОРОНА

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

март 5, 2021
42

Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството во вторникот се...

Прочитај повеќе
Светските цени на храната се највисоки од 2014-та
ЕКОНОМИЈА

Светските цени на храната се највисоки од 2014-та

март 5, 2021
23

Светските цени на храната продолжуваат да растат, деветти месец по ред. Ова е нивно највисоко ниво од јули 2014-та година,...

Прочитај повеќе
Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели

март 5, 2021
27

„Google Chrome“ обично добива нови одлични одлики на секои шест недели, без разлика дали се работи за безбедност, стабилност или...

Прочитај повеќе
Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)
АВТОБИЗ

Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)

март 5, 2021
68

Германскиот производител „Porsche“ претстави караван верзија на својот прв електричен автомобил „Taycan“. Практичната верзија на автомобилот донекаде имитира „SUV“, што...

Прочитај повеќе
На „Merck“ му оди подобро во 2020-та година од „Bayer“ и „BASF“
КОМПАНИИ

На „Merck“ му оди подобро во 2020-та година од „Bayer“ и „BASF“

март 5, 2021
10

„Merck Group“ со седиште во Дармштат ја заврши 2020-та година со силен раст на профитот и нов рекорден резултат во...

Прочитај повеќе
Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите
СВЕТ

Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите

март 5, 2021
31

Најголемиот кинески производител на чипови, SMIC, купи опрема за производство од ASML, со седиште во Холандија, за 1,2 милијарди долари,...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

„Макпетрол“ АД продолжува со инвестицискиот циклус, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

март 5, 2021
„Foxconn“ навести силен почеток на годината

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

март 5, 2021
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

март 5, 2021
АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

март 5, 2021
Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

март 5, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Расте бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

    Расте бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Грција продолжува да се тресе, нов силен земјотрес кој е почувствуван и во Македонија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кина одобри три традиционални рецепти за лекување Ковид-19

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Повеќе од една третина од купувачите на биткоин се крипто-аналфабети

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што може да направи телевизор од 400.000 американски долари? (ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 05.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 05.03.2021

март 5, 2021
1.1k
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
5k

КВИЗОВИ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот
КВИЗ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот

март 3, 2021
198

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари

Забраната за влез во Грција на државјани на трети земји продолжена до 8 февруари

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани