3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLucra го најави својот спортски автомобил

Lucra го најави својот спортски автомобил

lucra

Тјунерската куќа „Lucra“ ги претстави првите фотографии од нивниот претстоен спортски автомобил кој го носи работниот наслов 2.2.

Она што го карактеризира е истакнатиот преден дел со предни LED светла, како и преден сплитер изработен од јаглеродни влакна.

На овој автомобили можат да се забележат и проширените странични додатоци, страничниот издувен систем, како и наклонетото предно стакло.

Тука исто така треба да се напомене и за атрактивниот заден дел како и унапредениот заден браник.

Се очекува овој спортски автомобил да биде достапен во варијанти на мотори со 6.2 литарски LS3 V8, 7.0 литарски V8 и AMG базиран со 6.3 литарски V8 со опционен „Weistec“ супер полнач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП