3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто милионерите мислат дека не се богати?

Зошто милионерите мислат дека не се богати?

bogati

Ако имате на располагање милиони и слободно можете да ги инвестирате тие пари тоа незначи дека сте богати, бар така мислат оние кои ги имаат тие милиони.

Инвестициската компанија „UBS“ во една интересна анкета наречена „Што значи богат?“ открила дека 28 проценти од луѓето кои имаат имот вреден меѓу еден и пет милиони долари сметаат дека припаѓаат на елитното друштво.

„ И нас не изненади тоа што луѓето кои имаат повеќе од еден милион сметаат дека не се богати. Мислиме дека тоа покажува на драстичната промена на свеста и водејќи сметка на нестабилноста на пазарот. Луѓето се свесни дека е потребна значителна сума на пари за да можат да имаат двојно чувство на поседување на големи пари и слобода од било какви финансиски стеги“, вели Емили Пачута од „UBS“.

Таа истакнува дека поголемиот број испитаници од 4.450 американци постари од 25 години кои имаат најмалку 250.000 долари на располагање (половината анкетирани имаат повеќе од милион долари), рекле дека не се богати поради тоа што немаат доволно развиен финансиски план.

„Невработеноста, економијата и грижата за роднините во вакви времиња се причините за нивната грижа, а тоа значи дека и милионерите имаат слични притисоци како и обичните луѓе. Покрај тоа тука  е и чувството дека што повеќе имате, повеќе можете и да изгубите“, додава Пачута.

Кај оние кои се над границата од пет милиони, сепак ситуацијата е многу „опуштена“, затоа што 60 проценти од нив сметаат дека треба да го имаат епитетот „богатши“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП