3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвионите на „Рајан Ер“ ќе летаат побавно за да штедат гориво

Авионите на „Рајан Ер“ ќе летаат побавно за да штедат гориво

ryanair1

Нискобуџетната авионска компанија „Рајан Ер“ соопшти дека на сите пилоти им е наредено да летаат побавно, за да штедат гориво.

Ваквата одлука е донесен по дополнителното оданочување на авионското гориво, што сега е поскапо за шест отсто.

Авионите на оваа компанија ќе додаваат по две минути на секој час летање, со што на ниво на целата флота ќе се постигне намалување на потрошувачката на гориво за 15 отсто.

Претставник на омпанијата, која е популарна во Европа поради нејзините ниски цени и најчесто се користи за патувања на одмор или за кратки туристички посети во популарните европски дестинации, изјави дека намалувањето на брзината и родолжувањето на летот нема да ја загрози безбедноста на авионите на „Рајан Ер“ и на патниците.

Сопственикот на компанијата Рајан О’Лири тврди дека освен оваа „принудна мерка“ потребни се уште напори за да се покрие падот на профитот во оваа година од една петина.

О’Лири настојува своите авиони сега да ги претвори и во „летечки рекламни билборди“ нудејќи ги кабините на леталата, како и трупот на авионите за поставување реклами. Според овој познат ирски бизнисмен, неговата авиокомпанија му ги нуди на бизнисот патничките авиони, како „најголем и најевтин рекламен медиум“.

„Рајан Ер“ тврди дека зголемената цена на горивото предизвика опаѓање на неоданечниот профит за цели 21 отсто. Компанијата стравува дека намалувањето на профитот ќе продолжи и натаму, откако топлотниот бран во Европа предизвика намалување на резервациите преку интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП