3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската централна банка призна дека им помогнала на нацистите

Британската централна банка призна дека им помогнала на нацистите

naci

Речиси 70 години по завршувањето на Втората светска војна „Банкaта на Англија“ призна дека им помагала на германските нацисти да го пласираат украденото чехословачко злато, пренесе ИТАР-ТАСС.

Руската агенција се повика на запис за активноста на британската централна банка од средината на 50-те години на минатиот век, што вчера првпат беше објавен. Документот објаснува една од темните страници на историјата на „Банкaта на Англија“, периодот веднаш по почетокот на нацистичката окупација на Чехословачка, во 1939 година.

Записот посочува дека британскиот банкарски регулатор тогаш го продавал „жолтиот метал“ од име на германската „Рајхсбанк“.

Над 2.000 шипки злато од чехословачката Централна банка нацистите едноставно ги „префрлиле“ од една сметка на друга.

Самото злато во својот поголем дел се наоѓало во Лондон. Во март 1939 година златото, во вредност од 5,6 милиони тогашни британски фунти, било префрлено од сметката на чехословачката Национална банка на сметка на „Рајхсбанк“.

Британските медиуми во мај годинава пишуваа дека скапоцениот метал бил чуван главно во „Банкaта на Англија“. Според весникот „Дејли телеграф“ по облоденетиот скандал златото било пласирано во Белгија, Холандија и самата Велика Британија.

По окупацијата на нацистите на Чехословачка, Лондон ги замрзнал сите активи на земјата во британската Империја.

Британската централна банка, меѓутоа, потоа почнала да работи под притисок на „централната банка на централните банки“ – Банката за меѓународни порамнувања од Базел, а во спротивност од политичкиот курс на британската Влада и без согласност на Лондон, напоменува „Фајненшел тајмс“.

Според оценка на весникот, денешната вредност на одземеното злато изнесува 736 милиони фунти (над 1,1 милијарда долари). Објавените документи покажуваат дека во текот на мај-јуни 1939 година златото било продавано од име на „Рајхсбанк“ и испраќано во САД.

Во записот е забележено дека гувернерот на британската централна банка не можел да ги блокира операциите, за да не се прекршат „мировните спогодби“.

По отпочнувањето на Втората светскна војна британската влада инсистирала „Банкaта на Англија“ да не работи според насоките на Банката за меунардони порамнувања од Базел, „ако тоа јавно е од корист на непријателот “, посочува руската агенција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП