29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВи се оди во тоалет, а одложувате? Прочитајте што може да ви...

Ви се оди во тоалет, а одложувате? Прочитајте што може да ви се случи

Формирањето на бактерии не е најлошото што може да ве снајде…

Можеби веќе сте слушнале дека ако не одите во тоалет веднаш кога ќе почувствувате потреба, тоа не е здраво за вас. Веројатно тоа ќе го сфатите во некој момент од вашиот живот, но нема да знаете зошто.

Имено, ако често се задржува урината на долг временски период, настанува ретенција на урината. Поради оваа лоша навика повеќе нема да бидете во состојба потполно да го испразните мочниот меур, бидејќи мускулите на мочниот меур ќе ослабат.

Ова е исто така одлична основа за формирање на бактерии, што веројатно ќе доведе до чести инфекции на мочниот меур и мочните патишта.

Во поекстремни случаи, оваа лоша навика може да доведе дури и до пукање на мочниот меур. Иако овие случаи се многу ретки, сепак се можни, а доведуваат до смрт.

Постои опасност и за неможност на задржување на урината и постојано мокрење, што секако ќе влијае на квалитетот на животот. Затоа, кога ќе почувствувате потреба да го посетите тоалетот, никогаш не ја одложувате потребата, ништо не е поважно од здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП