2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесетте најдобри здраствени системи во светот

Десетте најдобри здраствени системи во светот

Doctor

Здравство е исклучително важно за граѓаните на една држава. Тоа е од суштинско значење и за времетраењето на животот на населението, како и за животниот стандард. Некои држави успеваат да го организираат овој систем подобро од другите. Видете ги десетте држави кои имаат можеби едни од најдобрите системи за здравствена заштита во светот:

10. Куба

Во Куба се залагаат за превенција од болести. Граѓаните си прават превентивни прегледи редовно, а големо значење се придава на хигиената на домот и јавни места, како и на спортот.

9. Италија

Повеќето Италијанци не си прават приватно здравствено осигурување, затоа што она што владата го предлага е доволно, иако државата има едно од најниските нивоа на финансирање во однос по глава на жител за здравствениот систем (доста помалку од САД, Велика Британија, Канада и Швајцарија). Просечниот животен век на Италијанците е 80.5 години, со што тие се на 12-то место во светот.

8. Јапонија

Просечниот животен век е 86 години. Оваа земја го има едно од најниските нивоа на смрт кај новороденчиња во светот (3 на 1000), многу кратко време за опоравување од тешки болести и најниско ниво на дебелеење во светот.

7. Франција

Во Франција имаат универзален здравствен систем кој се финансира од граѓаните, а како придонес се нивните приходи. Па државата успева да плати 70 проценти од медицинските трошоци на граѓаните. Франција има најнизок број на смртни случаи кај болести кои можат да бидат избегнати.

6. Германија

Во Германија здравствено осигурување е задолжително. Граѓаните можат да избираат од 200 фондови. Германците плаќаат 8 проценти од своите приходи за здравствено осигурување, а работодавците им плаќаат исто така 8 проценти. За децата медицинските грижи се платени од државата. Германските лекари сепак се жалат на недоволно добрата плата.

5. Велика Британија

8.4 проценти од БДП на земјата се користи за здравство. Здравствената грижа се презема од „NHS“ (National Health service), која се издржува од Министерството за здравство.

4. Канада

Повеќето услуги се плаќаат од страна на државата. Граѓаните плаќаат само за стоматологија и лекарства со рецепт.

3. Кина

Во моментов во Кина се прават масивни реформи во секторот. Кинеската влада инвестира 124 милијарди долари за здравство, која обезбедува медицинска нега за најмалку 90 проценти од населението. Државата во моментов гради 700.000 клиники.

2. Швајцарија

Во Швајцарија има универзален здравствен систем од 1994-та година преку приватни осигурителни компании. Здравство е вториот најскап во светот, по САД. Здравствено осигурување не е поврзано со платата. Граѓаните можат да изберат од различни приватни фондови, а оние кои не можат да си ги дозволат аплицираат за субвенции од државата.

1. Тајван

Владата на Тајван целосно ја презема здравствената грижа за граѓаните. Тука многу ги користат паметните картички. Тие ја содржат целата приказна за корисникот од неговото раѓање и со тоа многу им олеснува на лекарите. Субвенции има за пензионерите и невработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП