28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Кој ќе купува од трговците на плажа, казна 300 евра!

Грција: Кој ќе купува од трговците на плажа, казна 300 евра!

6440716-A_seller_on_Playa_Dorada_beach_Puerto_Plata

Ако одите на летување во Грција, може да ви се случи да платите казна од 300 евра на плажа поради купување на ,,џиџи-миџи” од многубројните трговци, воглавно црнци.

Голем број на туристи се пожалиле дека полицијата контролира на плажите и доколку забележи некој да купува, казната е 300 евра.

Еден брачен пар едвај избегнале казна во Паралија, односно полицијата им го опростила ,,гревот” бидејки купиле фустан за десет евра, а не биле информирани дека не смеат да купуваат на плажа.

-Не ни приметивме дека еден од локалните жители, грчки гостилничар, повикал полиција додека ние ги разгледувавме фустаните и се договаравме дали да ги купиме.Полицијата буквално пристигна за пет минути со полна опрема.Не знаевме што не снајде.Црнецот го приведоа, а ние моравме да одиме во полициска станица да дадеме изјава.

Бидете внимателни на плажите во Грција за да немате екстра трошоци!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП