26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаучниците од Оксфорд подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Оксфорд подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот во Оксфорд се подготвуваат што поскоро да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе можат да се борат со уште позаразни видови коронавирус.

Тимот кој стои зад вакцината од Оксфорд и „Астра зенека“ спроведува студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината, пишува британски „Телеграф“.

Портпаролот на универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на откриените нови видови коронавирус во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптација на вакцините што е можно побрзо во борбата против мутациите на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП