28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги зголемува златните резерви

Русија ги зголемува златните резерви

zlato

Руските златни резерви растат веќе девет месеци поред. Според јунскиот извештај на „MMF“, Москва на постоечките 996.4 тони златни резерви додала уште 0.3 тони.

И централноазиските соседи на Русија ги зголемиле своите златни резерви во текот на минатиот месец, Казахстан за 1.4 тони (130.9 тони вкупни резерви на злато), Азербејџан за два тона (осум тони вкупни резерви) и Киргистан за 0.1 тона (3.3 тони вкупни резерви).

Украина, Грција, Белорусија и Бугарија исто така ги зголемиле своите златни резерви, покажува извештајот на „MMF“.

Златото има се поголема улога во заштитата на валутата од курсни разлики од почетокот на финансиската криза во 2008-та година, а пазарите во развој покажуваат се поголем интерес во зголемувањето на своите златни резерви.

Цената на златото забележа пад за 11 проценти во јуни што е најголем пад на овој племенит метал уште од 2011-та година. Меѓутоа во јули цената на златото порасна за 9 проценти.

Руските резерви на злато и сребро се седми во светот со исклучок на „MMF“. Администрацијата на Владимир Путин продолжи секој месец да троши скоро по пола милијарда долари за купување на злато. Така Русија како една од најголемите светски извозници на злато во последните пет години двојно ги зголеми своите резерви.

Германија која е втора во светот по количините на златни резерви ги намали своите резерви за 0.8 проценти на купно 3.390 тони. Своите резерви ги намалија и Мексико, Чешка, Данска, Костарика, Зимбабве и Гватемала.

Турција која е на 11-тото место по количините на златни резерви во јуни ги намали своите резерви на злато за првпат оваа година и тоа за 3.8 тони, така да сега поседуваат вкупно 441.5 тони злато.

Во текот на изминатата деценија, Руската централна банка има стекнато 570 тони злато со што станаа најголем светски купувач на овој племенит метал. Зајакнувањето на златните резерви е дел од напорите да се прошират девизните резерви и да се зајакне рубљата.

Русија поседува повеќе од 513 милијарди долари во девизни и златни резерви, покажува јунскиот извештај на централната банка на оваа земја. Колку е точниот удел на златото во таа сума не се прецизира во извештајот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП