4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoA ќе го тестира банкарскиот сектор поради кризата со коронавирусот

BoA ќе го тестира банкарскиот сектор поради кризата со коронавирусот

Банката на Англија (BoA) ќе спроведе банкарски стрес-тест за да види дали кредиторите можат да продолжат да и помагаат на економијата за време на пандемијата и да ги вратат нормалните нивоа на дивиденда на акционерите.

„Фокусот оваа година ќе биде да дознаеме за најсоодветните начини на кои банкарскиот систем може да продолжи да ја поддржува економијата“, се вели во изјавата на BoA, цитирана од „Reuters“.

Централната банка ќе ги испита ефектите од 37-процентната контракција во економијата помеѓу 2020-та и 2022-ра година, влошувањето во воздушниот и туристичкиот сектор, поголемиот глобален протекционизам и иднината во која потрошувачите минуваат со години работејќи од дома и избегнувајќи ресторани и шопинг.

„Банките се очекува да се фокусираат на авиокомпаниите и на секторот за лизинг. Тестот, исто така, вклучува проценки за приходите и трошоците за инвестициското банкарство, според „Bloomberg“.

Стрес-тестот ќе тестира и сценарио во кое невработеноста се искачува на 12%, додека цените на недвижнините и деловните објекти паѓаат за една третина.

Централната банка досега зазема позитивен став за отпорноста на финансиските институции. Банката го пропушти стрес-тестот во 2020-та година, при избувнувањето на Ковид-19 и, како и другите централни банки ширум светот, им порача на доверителите да ги прекинат дивидендите за да ги зголемат своите капитални резерви.

Банкарите гласно лобираа за враќање на плаќањата, а централната банка им понуди пат да се вратат во нормала минатиот месец, велејќи дека дивидендите ќе бидат ограничени на околу 25 проценти од кварталните профити.

Стрес-тестот ќе се примени на „Barclays Plc“, „HSBC Holdings Plc“, „Lloyds Banking Group Plc“, „Nationwide Building Society“, „NatWest Group Plc“, британските оддели на „Banco Santander SA“, „Standard Chartered Plc“ и „Virgin Money UK Plc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП