20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со...

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

Трошоците за испорака на стоки од Кина во Европа се зголемија повеќе од тројно во последните осум недели, достигнувајќи рекордно високо ниво бидејќи недостигот на празни контејнери, што произлегуваат од пандемијата, ја нарушуваат глобалната трговија.

Трошоците за транспорт на 40-метарски контејнер од Азија до северна Европа се искачија од околу 2.000 американски долари во ноември на повеќе од 9.000 долари, покажуваат податоците на превозниците и увозниците.

„Се наоѓаме во ќорсокак … Цените растат од клиентите кои се борат за ограничен ресурс – контејнери“, вели Ларс Јенсен од консултантската фирма „SeaIntelligence“.

Илјадници празни контејнери беа блокирани во Европа и САД во првата половина на 2020-та година, кога бродските компании откажаа стотици патувања, бидејќи блокадите поради коронавирусот предизвикаа ненадејно забавување на глобалната трговија. Кога побарувачката на западните производи за азиско производство скокна во втората половина на годината, конкуренцијата меѓу бродските компании за достапни контејнери доведе до нагло зголемување на цените на товарот.

„Поминавме од огромен пад до историски врв во обемот на товар и сега има повеќе терминали кои можат ефикасно да се справат со нив“, рече Џон Батлер, претседател на Светскиот совет за поморски транспорт.

„Метежот во пристаништата придонесува за повисоки цени, при што бродските компании воведуваат дополнителни трошоци за да надоместат подолго чекање“, додаде тој.

Од ноември, трошоците за испорака до Европа преку море се зголемија поради пренасочувањето на контејнерите кон транс-пацифичките рути. Од друга страна, цената на пратките од Кина во САД остана непроменета од октомври, кога кинеската влада побара од бродските компании да постават ограничување на цената.

Филип Еџ, извршен директор на британската шпедитерска компанија „Edge Worldwide“, вели дека некои компании плаќаат 12.000 долари по контејнер, наспроти околу 2.000 долари во октомври.

Британското здружение за апарати за домаќинство во изјавата наведува дека нејзините членови пријавиле зголемување на трошоците за транспорт до 300% од почетокот на 2020-та година, вклучително и случаи „во кои растот на транспортните трошоци е поголем од профитот остварен од нејзините производи, така што овие трошоци ќе треба да се пренесат на крајните корисници.

„Производителите не очекуваат да можат да го апсорбираат огромниот раст на трошоците за транспорт“, додаваат од здружението.

Сопственикот на компанија за увоз на продукти за забава со седиште во Манчестер, која сакаше да остане анонимен, рече дека недостигот на контејнери има „огромно влијание“ врз бизнисот, а некои нарачки од ноември сè уште чекаат на испорака.

„Прашањето е, дали сега треба да ја платиме цената од 12.000 долари и да им ја пренесеме таа цена на клиентите или да почекаме и да ризикуваме да тие да се намалат?“, рече тој.

Нарушувањата и одложувањата почнуваат да влијаат на глобалните синџири на снабдување, велат економистите. „Знаците на притисок се зголемуваат“, рече Нил Шаринг, главен економист во „Capital Economics“, кој предупреди дека се очекува притисокот „да се зголеми пред да ослабне“.

Неодамнешната анкета на „HIS Markit“ покажа дека во декември, времето на испорака до снабдувачите на индустриски компании во еврозоната ги достигнаа највисоките нивоа од екот на блокадата, поради пандемијата во април минатата година, и дека доцнењата во транспортот и општ недостиг на стоки кај добавувачите.

Анкетираните компании известуваат дека нивните залихи на суровините и полупроизводите се намалуваат, што доведува до намалување на залихите и рапиден пораст на увозните цени.

Бурт Колин, висок економист во „ING“, рече дека „недостигот на снабдување и повисоките цени на товарот може малку да го нарушат растот на трговијата“ и да придонесат за „привремено зголемување на инфлациските притисоци во текот на годината“.

Бродските компании се надеваат дека забавувањето на индустриското производство во Азија, кое обично ја придружува Месечевата нова година во февруари, ќе им овозможи на превозниците да се справат со растечките нарачки и да доведат до барем привремено намалување на цените.

Но, Питер Санд, економист во Меѓународната асоцијација за поморски транспорт (Bimco), вели дека недостигот на контејнери веројатно ќе опстане и во 2021-ва година, иако неодамна превозниците извршија нови нарачки за контејнери, кои тој ги опиша како „премалку и премногу доцна“.

Според Јенсен, иако цените може да паднат малку, „сепак има огромна количина товар што чека да биде пренесен“.

Притисокот врз морските синџири за снабдување ќе се намали „кога луѓето ќе имаат повеќе можности да трошат на услуги“ затоа што се укинати ограничувањата поради коронавирусот, рече Батлер. Но, „никој не знае кога ова ќе се случи“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП