28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ја напушти Белата куќа(ВИДЕО)

Трамп ја напушти Белата куќа(ВИДЕО)

Доналд Трамп ја напушти Белата куќа и со тоа му го отстапи местото на новиот претседател на САД, Џо Бајден.

„Го сакам американскиот народ. Ова е збогум, но се надевам дека не е збогум засекогаш“, кратко рече Трамп по излегувањето од Белата куќа во придружба на сопругата Меланија.

На тревникот зад Белата куќа тие беа пречекани од хеликоптер „марин оне“, со кој полетаа во воздухопловната база „Ендрус“.

Таму Трамп ќе го одржи последниот говор како претседател на САД.

Трамп претходно најави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, што ќе се одржи денеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП