26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ до Западен Балкан: Ќе ви дадеме вакцини, но не знаеме кога...

ЕУ до Западен Балкан: Ќе ви дадеме вакцини, но не знаеме кога и не знаеме колку

На утрешната видеоконференција лидерите на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за солидарноста на ЕУ со трети земји кога станува збор за испораката на вакцините, но не се очекува конкретизација на датумите или количината на дозите што може да пристигнат на Западен Балкан.

„Нема временска рамка за испорака на вакцини во трети земји. Ситуацијата е веќе доволно комплицирана во рамките на ЕУ поради проблеми со производството. Нашата намера е тоа да го реализираме кога самите ќе напредуваме доволно“, вели официјален претставник на ЕУ.

Во пресрет на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ, кој ќе се состане деветти пат преку видеоконференција посветена исклучиво на борбата против пандемијата на Ковид-19, тие потенцираат дека земјите од Западен Балкан не треба да се сомневаат во принципот дека ЕУ ќе биде тука за своите партнери и дека ќе се залагаат вакцините како глобално добро да ги добијат сите што имаат потреба од нив.

Европската комисија го повика Западен Балкан да биде трпелив уште неколку недели и дека се воспоставува механизам во ЕУ, што треба да им овозможи на партнерските земји пристап до 2,3 милијарди дози вакцини обезбедени од ЕУ преку заеднички набавки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП