28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВорен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

Ворен Бафет има совет како да ја удвоите својата вредност

Инвеститорот и милијардер Ворен Бафет има совети за младите: „Фокусирајте се на учење да пишувате и да зборувате јасно“.

„Еден лесен начин да ја удвоите личната вредност е да ги усовршите вашите комуникациски вештини – и писмени и вербални“, рече Бафет во видеото објавено на „Линкедин“.

Видеото е објавено од Мајкл Худ, коосновач на стартапот Voice Flow со седиште во Торонто, што им овозможува на корисниците да дизајнираат, градат и лансираат вештини за производот „Alexa“ на Амазон, без потребните програмски знаења.

„Ако не можете да комуницирате, тоа е како да и намигнувате на девојка во мрак – ништо не се случува. Можете да ја имате целата интелигенција на овој свет, но мора да бидете во можност да ја искажете и пренесете “, рече Бафет, пренесува CNBC.

„И изразот е комуникација“, вели Бафет, чие богатство во моментов е над 86 милијарди долари, според Форбс.

Советот даден од Бафет доаѓа од „прва рака“.

„Бев преплашен од јавни настапи кога бев во средно училиште и колеџ“, рече Бафет во видеото на БиБиСи објавено во 2009 година.

„Не можев да го сторам тоа. Мислам, се случуваше и да повратам“.

Кога бил помлад, Бафет присуствувал на курс за јавно говорење во “Дејл Карнеги”, организација за развој на професионални вештини основана од американскиот писател и предавач Дејл Карнеги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП