5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays принудена да продава акции

Barclays принудена да продава акции

barklajs

Банката „Barclays“ го претстави својот план за да соберат 5.8 милијарди фунти, а притоа најавија продажба на своите акции со голем попуст се со цел да се исполнат барањата на регулаторите.

Ова издание на акции во вредност од 8.9 милијарди долари (6.7 милијарди евра) ќе биде понудено со половина цена, а е дел од големите настојувања на „Barclays“ да ја пополнат „дупката“ од 12.8 милијарди фунти во својот биланс на состојба.

„Barclays“ исто така ќе емитува и контигент на обврзници вредни две милијарди фунти кои ќе можат да се претворат во акции доколку банката се најде во неволја.

Со овој потег „Barclays“ се обидува да ги исполни минатомесечните барања на регулаторната агенција на централната банка на Британија која е задолжена за контрола на банкарскиот сектор во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП