8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа...

Аеродромот во Истанбул го симна од тронот Хитроу како најфреквентен во Европа (ИНФОГРАФИК)

Лондонскиот аеродром Хитроу минатата година го загуби своето место број еден меѓу европските аеродроми, бидејќи ограничувањата за патување поврзани со пандемијата на коронавирусот го намалија протокот на патници, пренесува „Bloomberg“.

Новиот аеродром во Истанбул, кој беше завршен во пролетта 2019-та година, опфати 23,4 милиони патници во својата прва целосна календарска година на работа, пред Хитроу, чиј сообраќај падна за 73%.

Аеродромот Шарл де Гол во Париз, кој беше вториот најпрометен во Европа во 2019-та година, исто така е малку пред својот конкурент во Лондон во првите 11 месеци од 2020-та година. Тој наскоро ќе ги објави своите податоци за целата година.

Пандемијата и нејзините ограничувања им штетат на европските авиокомпании од март па досега. Обидите да се заменат ограничувањата за влез на патниците од специфични земји со тестирање пред летот беа причина за спречување на растот на заболени во Велика Британија и другите земји.

Задолжителниот карантин во Велика Британија и промената на списокот на земји, исто така го обесхрабруваат патувањето во Лондон. Минатата недела, владата ги заостри дополнително мерките, суспендирајќи ги сите летови од Јужна Америка и продолжувајќи ги барањата за самоизолација за оние кои пристигнуваат од сите земји.

Иако повеќето аеродроми во Западна Европа, од Франкфурт до Амстердам и Барселона, забележаа пад на сообраќајот од 70% или повеќе во минатата година, двата најголеми аеродрома во Истанбул и аеродромот Шереметјево во Москва забележаа помал пад, предизвикувајќи нивно искачување во рангирањето.

Поради новите блокади, патувањето ќе остане тешко уште некое време. Италија ја продолжи вонредната состојба до април, а Австрија до февруари. Германија се очекува да го следи примерот.

Од понеделник, патниците кои не се членки на ЕУ, а пристигнуваат во Франција, ќе мора да бидат тестирани пред да се качат во авион, да се согласат на самоизолација една недела по пристигнувањето и потоа да направат нов тест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП