28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најплатените работни места за 2021 година

Кои се најплатените работни места за 2021 година

Годишното рангирање на најдобрите работни места се заснова на плата, рамнотежа помеѓу работата и животот и нивото на стрес.

Може ли да имате работа од која сте многу задоволни, а во исто време да имате шестцифрена плата? Да, ако изберете паметно.

Многу извештаи објавени претходните денови имаат еден заеднички заклучок, а тоа е дека тие го нашле одговорот на прашањето кои се најдобрите работни места за оваа година, а кои се платени над 100.000 долари годишно или повеќе.

„Ниедна работа не ни одговара на сите нас, но многу од најдобрите имаат неколку заеднички карактеристики“, се вели во годишното рангирање на „најдобрите работни места“ за 2021 година. За прв пат по три години, програмерите не успеаа да ја одржат позицијата број еден. Стоматолозите, исто така беа исфрлени од најдобрите пет оваа година и застанаа на деветтото место на листата.

Оваа година, првото место му припадна на асистент лекар (просечна плата од 112.260 УСД годишно; потребно образование, мастер), потоа следи софтверски програмер (107.510 УСД годишно, за кој е потребна диплома), медицинска сестра (110.700 УСД годишно, за што е потребна диплома мастер), менаџер на медицински и здравствени услуги (100.980 УСД годишно) и лекар (206.500 УСД годишно, за што е потребен докторат).

Истражувачите ги разгледале работните места со најголем проекторан број и процент од 2019 до 2029 година, утврдени од Американското биро за статистика на трудот. Тие потоа разгледале низа други фактори оценети на скала од 1 до 10, вклучително и нивоа на стрес, идни перспективи за кариерата, стапка на невработеност и предвиден десетгодишен раст на бројот на овие работни места.

Посебната ранг листа на познатиот Glassdoor за „50 најдобри работни места во Америка“ за 2020 година ги стави на врв инженерите (компјутерски програмери кои заработуваат просечна основна плата од 105.240 американски долари годишно), проследено со дата аналитичари, а според Бирото за статистика на трудот, кое исто така се совпаѓа со оваа листа, ги следат Java програмери (83.589 УСД), дата аналитичари (107.801 УСД), менаџери на производи (117.713 УСД) и инженери (107.310 УСД).

Рејтингот на Glassdoor беше одреден со мерење на три фактори: потенцијал за заработка (просечна годишна основна плата), вкупен рејтинг на задоволство од работата и бројот на слободни работни места. За да се разгледа називот на работното место, тој мора да добие најмалку 100 извештаи за плати и најмалку 100 оценки за задоволство од работата што ги споделуваат американските работници во текот на една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП