Во последниот квартал од минатата година, кинескиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 6,5 проценти на годишно ниво, повеќе од очекувањата на аналитичарите за 6,1 процент.
Ова укажува на стабилно закрепнување на втората по големина економија во светот од коронaкризата.
Во текот на изминатата година, кинеската економија порасна за 2,3 проценти, и покрај наглиот пад на почетокот на оваа година како резултат на појава на пандемија со Ковид-19.
Зајакнувањето на кинеската економија е во контраст со тешкото закрепнување на американската и европската економија, кои сè уште се под притисок на рестриктивните мерки насочени кон борба против коронавирусот.



