Времето денеска ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4 степени.
Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

