3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

Билка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

Покрај препознатливиот вкус, се смета за одличен антиоксидант, а ја красат и бројни лековити својства…

Иако во светската кујна се користи веќе со децении, руколата во последниве години стана вистински хит кај нас.

Станува збор за медитеранска самоникната зелеста билка од фамилијата на брокула, зелка, келераба, кељ… Има благо-горчлив вкус и за разлика од дивата, култивираната рукола е покрупна и не е горчлива.

Богата е со витаминот Ц, каротен, витамините б комплекс, пектин, калциум, фосфор, железо, магнезиум, калиум и бакар. Се состои главно од вода и има доста јаглени хидрати и белковини. Содржи активни состојки кои имаат антиканцерогени својства, позитивно влијае на здравјето и го намалува ризикот од многу болести. Руколата е особено значајна во ракот на дојка.

Оваа билка има бројни лековити својства. Експертите истакнуваат дека руколата го чува срцето, го намалува ризикот од многубројни болести и содржи материи со антиканцерогени својства. Се смета за природен антибиотик, го регулира варењето, се користи за лекување на чир, остеопороза, хроничен запек, настинка и кашлица. Освен тоа, руколата ја чисти крвта, го подобрува лекувањето на болестите на црниот дроб и го намалува ризикот од рак на дојка.

Без оглед на тоа што има специфичен вкус, најдобро е да се консумира свежа, во салати, иако задржува неколку лековити својства при варењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП