11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот суфицит во еврозоната бележи раст

Трговскиот суфицит во еврозоната бележи раст

Трговскиот суфицит во еврозоната се зголеми во ноември како што се очекуваше, и покрај економското забавување и опаѓањето на трговијата, што главно се должи на подобрите трговски биланси со Русија, Турција, Норвешка, Јапонија и Јужна Кореја, според „Евростат“.

Земјите со единствена валута извезуваа за 1% помалку во ноември во споредба со истиот месец во 2019-та година.

Вкупно, земјите од еврозоната во ноември извезуваа стоки во вредност од 196,7 милијарди евра. Увозот падна за 4,2 проценти на 170,9 милијарди евра годишно, со трговски суфицит од 25,8 милијарди евра од 20,2 милијарди во претходната година.

За 11-те месеци од 2020-та година, извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот изнесуваше 1,94 трилиони евра, што претставува пад од 10,2% на годишно ниво, додека увозот изнесува 1,74 трилиони евра, пад од 11,6% во споредба со јануари-ноември 20190-та година. Како резултат на тоа, пријавен е суфицит од 205,4 милијарди евра.

Европската унија како целина извезла 1,5% помалку стока во ноември, додека увозот паднал за 6,2%.

Меѓу трговските партнери со најголеми промени во трговскиот биланс во периодот јануари-ноември е Русија. Трговскиот биланс на Европската унија со извозникот на енергија се намали на 13,8 милијарди евра од 52,1 милијарди за истиот период во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП