24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоминик Строс-Кан советник на српската влада

Доминик Строс-Кан советник на српската влада

dominique-strauss-kahn_628

Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и некогашен француски министер за финансии Доминик Строс-Кан, чија кариера беше прекината по секс скандалот во хотелот „Софител“ во Њујорк, би можел да стане советник на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Париз.

Француските медиуми, кои го изнесуваат ваквото тврдење, се повикуваат на агенцијата ИТАР-ТАСС и на белгардслиот весник „Данас“, кои отворено го посочуваат Строс-Кан како нов советник на српската Влада.

Ова тврдење за евентуалното можно ангажирање на Строс-Кан како советник на Владата на Србија, доаѓа откако српскиот вице-премиер Александар Вучиќ пред неколку дена дека најави дека властите во Белград имаат намера да регрутираат страснки советниик, чие име „ќе одекне како бомба“.

Строс-Кан неодамна стана член на Управниот одбор на руската банка БРДР, чиј мнозински сопственик е нафтениот гигант „Росњефт“. т

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП