20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата повторно паѓа! Притисок заради блокадите во Кина и невработеноста во САД

Нафтата повторно паѓа! Притисок заради блокадите во Кина и невработеноста во САД

Цените на нафтата паднаа денес, бидејќи загриженоста за затворањето на кинеските градови го запре нивниот раст досега поттикнат од силните надворешно-трговски индикатори од Кина, најголемиот увозник на „црно злато“ во светот.

Оптимизмот на инвеститорите во врска со најавениот голем пакет економски стимулации во САД исто така опадна заради влошената состојба на пазарот на трудот во САД.

Северноморската сурова брент нафта падна за 46 центи, или 0,8 проценти, на 55,96 долари за барел во азиското тргување, откако во четвртокот порасна 0,6 проценти.

Американската лесна сурова нафта „WTI“ падна за 29 центи, или 0,5 проценти, на 53,28 долари за барел, откако скокна повеќе од еден процент на претходната трговска сесија.

Цената на Брент оди во насока на првиот неделен пад во последните три недели, за разлика од американската нафта, која е на пат да ја забележи третата неделна добивка.

Производителите на нафта се соочуваат со предизвик за балансирање во однос на нееднаквиот однос помеѓу понудата и побарувачката, а во нивните пресметки тие го земаат предвид воведувањето на вакцините наспроти мерките за заклучување.

Цените на „црното злато“, кои до вчера беа во пораст, беа поддржани со зајакнувањето на вредноста на акциите на светските берзи и слабеењето на доларот, што ја прави нафтата поевтина за купувачите кои поседуваат други национални валути, како и силната кинеска побарувачка.

Американскиот пакет за помош од „Ковид“ од скоро две милијарди долари, претставен од новоизбраниот претседател Џо Бајден, може да ја стимулира побарувачката за нафта во САД, но ваквото сценарио е сомнително заради полошите показатели од пазарот на труд, отколку што се очекуваше, заклучува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП