24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Хрватска е 24.2 милијарди евра

Јавниот долг на Хрватска е 24.2 милијарди евра

hrvatska

Хрватскиот јавен долг кон крајот на март изнесуваше 181.6 милијарди куни или 24.2 милијарди евра, а во превод тоа значи 54.6 проценти од бруто домашниот производ (BDP).

Аналитичарите на Хрватската народна банка (HNB) во најновиот билтен напоменуваат дека надворешниот и внатрешниот долг на државата во првите три месеци порасна за 4.2 милијарди куни и наведуваат дека очекуваат тој до крајот на годинада да достигне 199 милијарди куни, односно 26.5 милијарди евра што е скоро 60 проценти од „BDP“.

Тие напоменуваат дека дефицитот на почетокот на годината државата главно го финансираше со издавање на трезорски записи, кредитни задолжувања во банката „Merrill Lynch“ и со издавање на обврзници на американскиот пазар за капитал во вредност од 1.5 милијарди долари.

Во јуни значителни ресурси за санација на здраствениот систем се набауваа по пат на кредит, а во вториот дел од годината издадени се домашни обврзници во износ од 2.8 милијарди куни и 750 милиони евра со валутна калузула.

Ако на тоа се додадат и потенцијалните долгови, преку државните гаранции од 11.7 проценти и долгот на Хрватската банка за обнова и развој од 4.9 проценти, вкупниот јавен долг се искачува на 70.2 проценти од „BDP“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП